Путин во Пекинг на Форумот „Појас и пат“
Рускиот претседател Владимир Путин денеска и утре во Пекинг ќе учествува на форумот „Појас и пат“. Официјална Москва оценува дека дипломатската соработка на Москва и Пекинг во минатата година била „прилично импресивна“ и оти сегашната посета на Путин може да претставува дополнителен поттик на соработката, главно економската меѓу двете земји.