Турција започна воена операција во сирискиот регион Африн
Турскиот министер за одбрана Неретин Џаникли соопшти дека Турција започна воена операција против курдските борци во Сирија поддржани од САД во регионот Африн. Тој рече дека воената операција која ја подготви Анкара „де факто“ започнала на 19 јануари со прекугранично гранатирање на турските сили. Џаникли рече дека Анкара „нема опција“ и мора „да ги исчисти сите терористички елементи“ од северна Сирија на границата со Турција.Тој исто така рече дека Анкара и Москва ќе ги продолжат разговорите за воената операција.
Портпаролот на единиците на Курдската народна заштита потврди дека турските сили денеска започнале со бомбардирање на сирискиот регион Африн од турска територија, кратко по полноќ. Тој рече дека цел на турските напади се курдски села и дека борците на Курдската народна заштита „ќе одговорат со најголема сила“ на секој напад на Африн.
Нападите доаѓаат еден ден откако турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу објави дека Анкара ќе се координира со Москва и Техеран за воздушни операции во сирискиот регион Африн.