Вонредна состојба во неколку руски региони поради пожари
Во рускиот Транс-Бајкалскиот регион, како и во областите околу Иркутск, Тува и во Какасијскиот регион е прогласена вонредна состојба поради ширењето на големите пожари во Русија. Повеќе од 34 шумски пожари се активни во Русија од полноќ, а противпожарните служби прават се за да ги изгасат, соопштија надлежните.
Поголемиот дел од пожарите се во Красоарскиот регион, каде што се уништени скоро 5.400 хектари шума. Против огнената стихија се борат 1.700 пожарникари и 234 опремени единици. Во последните 24 часа тие успеаја да го изгасат огнот на 3.700 хектари.