Лавров:Москва подготвена да дискутира со САД за безбедносни зони во Сирија
Според министерот Лавров, кога станува збор за безбедносни зони, Американците се заинтересирани за намалување на бројот на мигранти кои од регионот, вклучувајќи ја и Сирија, одат на Запад, пренесува „Взгљад“.
Кои се сценаријата за воената соработка помеѓу Русија и САД во Сирија?
Лавров потенцира дека не гледа во идеите за безбедносни зони обид за повторување на „несреќното либиско сценарио“. Притоа министерот истакна дека администрацијата на Доналд Трамп треба да го конкретизира нејзиниот пристап.
Лавров исто така изјави дека Москва е убедена дека САД ќе успеат да воспостават полноправен редовен дијалог за Сирија, како и за Либија и Јемен, штом дефинитивно ќе се формира раководството на Стејт департментот.
Дамаск смета дека воспоставувањето во Сирија на „безбедносни зона“, кое го разгледува Трамп, ќе биде кршење на суверенитетот на Сирија доколку не биде договорено со властите.