Средба Бајден-Трамп во Белата куќа
Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп формално ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година по церемонија на инаугурација, јави ДПА.
Денешната средба ќе биде една од ретките меѓу Бајден и Трамп. Последен пат тие се сретнаа за време на телевизиските дебати за време на изборната кампања кон крајот на јуни - непосредно пред Бајден да се повлече од претседателската трка.
На 11 септември и двајцата присуствуваа на комеморативен настан во Њујорк, но не зборуваа меѓу себе.