Бислимовски: Намалениот увоз на струја може да ги намали и сметките
![Бислимовски: Намалениот увоз на струја може да ги намали и сметките](https://gdb.rferl.org/01000000-0aff-0242-1164-08dc7a54438d_tv_w800_h450.jpg)
Инвестицискиот бум во соларна енергија помогна државата да го намали увозот на струја и со тоа може да има намалување на цената на струјата за домаќинствата, но и да биде проширена евтината тарифа, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси, Марко Бислимовски во неделното интервју на РСЕ.