Пожари во Тетово, кај Тиквешко езеро и кај Росоман
„Не знам што се случило, ми се јавија само дека има пожар. Штетата е над 10 илјади евра. Изгореа неколку штандови, неколку кутии со книги успеавме да спасиме. Штандовите беа под кирија земени, нив ќе треба ги платиме, штетата ќе биде над 20 илјади евра“, изјавиле за МИА од една од книжарниците.
По пријавата интервенираше и тетовската пожарна од каде со едно возило и четири пожаникари го изгаснале огнот.
Денеска бил регистриран пожар и кај Росоман. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. информираше дека во пожар што избувнал кај сепарацијата кај Росоман изгореле модуларни контејнери. Пожарот е локализиран и ставен под контрола, пренесе МИА.
Локализиран бил и пожарот што денеска избувнал над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро, информираа вечерва од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник, од каде додаваат дека не е причинета поголема штета.