Маск стартуваше компанија за развој на вештачка интелигенција
Стартапот ќе биде предводен од Маск, извршниот директор на Тесла и сопственик на Твитер кој неколку пати изјави дека развојот на вештачката интелигенција треба да се паузира и регулира.
„Го објавувам основањето на xAI за да ни помогне да ја разбереме реалноста“, објави Маск на Твитер.
Во старт-ап тимот се Игор Бабушкин, поранешен инженер на DeepMind, Тони Ву, кој работел за Гугл, Кристијан Сегеди, истражувач на Гугл и Грег Јанг, кој работел за Микрософт.
Овој милијардер во април изјави дека ќе основа TruthGPT, односно вештачка интелигенција што ќе се залага за вистината што е можно повеќе за да не се натпреварува со Бард на Гугл и Бинг на Мајкрософт.
Генеративната вештачка интелигенција дојде во центарот на вниманието откако OpenAI го лансираше популарниот чет-бот ChatGPT во ноември минатата година, пред Бард и Бинг.
Новата фирма на Маск е одвоена од X Corp, но тесно ќе соработува со Твитер, Тесла и други компании.