Ерупција на вулканот Етна, прекинати летовите од Катанија
Аеродромот, кој се наоѓа јужно од Етна, соопшти дека поради падот на пепелта употребата на пистата е ризична.
„Летовите ќе продолжат кога ќе има безбедносни услови за тоа“, напишаа од аеродромот на Фејсбук.
Луѓето во Катанија и блискиот град Адрано споделија фотографии од автомобили и патишта покриени со пепел. Нема извештаи за штета или повредени.
Италијанскиот Национален институт за геофизика и Вулканологијата забележа зголемена активност почнувајќи од раните утрински часови во неделата. Како мерка на претпазливост, властите за цивилна заштита го подигнаа нивото на тревога за областа.
Вулканиот Етна е еден од најактивните вулкани во светот со чести ерупции, и големи и мали. Висок повеќе од 3.300 метри, вулканот е еден од највисоките во Европа.
На почетокот на 2021 година, ерупцијата на вулканот траеше неколку недели.