УЕФА ги замрзна цените на билетите за финалето на Лигата на шампионите
Најскапиот билет за мечот закажан за 10 јуни чини 690 евра, а најевтиниот 70 евра, објави денеска УЕФА.
Секој финалист ќе добие по 20.000 влезници, како и лани, за натпреварот што ќе се одигра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ со капацитет од 72 000 седишта.
Во полуфиналето на Лигата на шампионите бранителот на титулата Реал Мадрид ќе игра против Манчестер Сити како и Милан против Интер.