Ексдиректорите на Маѓар телеком добија по 8 години затвор
Како што соопшти Кривичниот суд, обвинетите треба солидарно во буџетот да вратат еден милион евра, односно над 67 милиони денари затоа што несовесно работеле во службата.
Сендреј и Кишјухас го оштетиле буџетот и склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарска консултантска куќа, се вели во соопштението.
Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.
За злоупотреба на службената положба беа обвинети генералниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат, како и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус.
Тие се осомничени дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на Македонија.