Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди Авганистан
Земјотресот бил на длабочина од 194 километри, а неговиот епицентар бил во планинскиот венец Хинду Куш, во близина на северната авганистанска провинција Бадакшан.
Засега нема информации дали земјотресот предизвикал штети или жртви.
Земјотресот можел да се почувствува дури до главниот град на Индија, Њу Делхи.
Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како Индиска плоча се турка на север во Евроазиската плоча.
Во минатогодишниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во источен Авганистан загинаа повеќе од илјада луѓе.