Полицијата проверила - Лажни се дел од десетиците закани за бомби во Скопје
Продолжуваат антитерористичките проверки во преостанатите објекти кои пријавиле дека на нивните електронски адреси утрово пристигнале закани за бомби - Природонаучниот музеј, Археолошкиот музеј, Музеј на ММБ, Флатирон, Управниот суд, Куќата на Претседателот - Вила Водно, хотел Александар Палас, СЦ Борис Трајковски и ФФМ. Исто така добиена е пријава за упатена закана и од 11 училишта во Скопје.
Вчера имаше лажни дојави за поставени експлозивни направи на електронските адреси на 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и кај четири во Прилеп.
Веќе неколку месеци, речиси секојдневно во Македонија има лажни дојави за бомби во јавни објекти. Сторителите ретко се пронаоѓаат.