Европската комисија вети дополнителна поддршка за Турција
Фон дер Лајен го пренесе своето „најдлабоко сочувство и сочувството на Европската Унија за катастрофалната загуба на животи и уништување предизвикани од неодамнешниот земјотрес“, се додава во соопштението од Брисел, лиферувано по разговорот. ЕУ се надева дека ќе обезбеди дополнително финансирање за Турција и Сирија за време на донаторската конференција што ќе се одржи во март во Брисел.
Во минатонеделното соопштение, Унијата информираше дека нејзината операција во погодените региони е една од „најголемите досега операции за пребарување и спасување“ извршени преку нејзиниот механизам за цивилна заштита. Вкупно 21 земја-членка на ЕУ и три земји-учеснички досега понудиле 38 тимови за одговор, составени од 1.651 лице и 106 кучиња за потрага и спасување.