Меѓународна потерница за избеганиот затвореник од Идризово
„Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје“, појаснуваат од Управата за издржување на санкции.
Затвореникот бил во Идризово две години, а осуден е за две кривични дела, убиство и продавање на дрога. Затворската казна требало да му истече дури во 2040 година. Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување. Полицијата трага и по соучесниците во бегството на 36 годишниот тетовченец.