Сателитските снимки од Кина укажуваат на голем број смртни случаи од ковид-19
Кина го укина карантинот за патниците кои влегуваат во земјата
Во некои места во Пекинг, крематориумите работат континуирано, 24 часа на ден, цела недела. Додека кинеската влада вели дека епидемијата е предвидлива и под контрола, Светската здравствена организација вели дека официјалните кинески податоци не го изразуваат бројот на хоспитализирани и смртни случаи од коронавирусот. Официјалниот број на загинати во Кина е само околу 5.270 од почетокот на пандемијата, но меѓународните експерти велат дека во следните месеци, како што ќе се укинат ограничувањата, бројот на загинати може да се искачи на милион или повеќе, речиси исто како и во Соединетите држави.
СЗО: Зголемувањето на бројот на заразени од ковод-19 во Кина ќе нема значително влијание врз Европа
Постарата популација во Кина, која има релативно ниска стапка на вакцинација, се очекува да биде особено погодена. Експертите, исто така, предвидуваат дека вирусот ќе се прошири надвор од големите градови во руралните области, бидејќи луѓето се собираат во нивните родни места за да ја прослават претстојната Лунарна Нова Година.