Србија има околу 760.000 жители помалку отколку во 2011 година
Попис направивме, но лек за иселувањето нема
„Што се однесува до општините Белград и Нови Сад, главната причина за зголемувањето на бројот на жители е имиграцијата на населението, бидејќи и Белград и Нови Сад имаат негативен природен прираст“, изјави Ѓорѓевиќ. Таа вели дека во резултатите од пописот биле вклучени околу 200.000 жители, за кои е констатирано дека живеат во Србија, работат, студираат, „но од некоја причина попишувачот не ги нашол или поради некоја причина не сакале да бидат наведени“. „Значи, кога реално ја гледаме ситуацијата, има пад на бројот на жители за околу 760.000 во однос на последниот попис во 2011 година“, истакна Ѓорѓевиќ.