Претседателски избори во Чешка, фаворити екс премиерот Бабиш и генерал Павел
Бабиш ослободен од обвиненијата за измама
Во вториот круг пред Бабиш, според сите изборни модели и анкети, генералот Павел би победил со 57 отсто од гласовите, но и Нерудова доколку влезе во вториот круг. Аналитичарите очекуваат дека шансите на Бабиш може да се зголемат со пресудата на првостепениот градски суд во Прага, кој деновиве го прогласи Бабиш за невин и го отфрли обвинението, за злоупотреба на европските грантови од два милиони евра. Актуелниот претседател Милош Земан два пати беше избран на оваа функција. За овие избори, според проценките на аналитичарите, ќе одлучуваат неопределени гласачи, кои ги има невообичаено многу: од петтина до третина од гласачкото тело според различни анкети. Исходот од првиот круг од изборите ќе биде познат в сабота навечер, а вториот круг ќе биде за 14 дена.