Аргентина ја победи Хрватска и е прв финалист на мундијалот во Катар
Меси стана најстар стрелец на пет гола на еден мундијал, но притоа го урна и рекордот на легендарниот Габриел Батистута по број на погодоци за Аргентина.
На Аргентина ова ќе и биде шесто финале на светските мундијали. Хрватска трет пат ќе се бори за медал после бронзата во 1998 и среброто во 2018 година. Натпреварот за трето место е закажан в сабота, а финалето се игра в недела.