Ќе доцнат сметките за парно за октомври
Владата ја ограничи цената на пелетите, трговците предупредуваат дека нема да има
„Од претходниот Снабдувач со топлинска енергија ќе се преземе целокупната база на податоци потребна за изработка на фактурите, вклучително и личните податоци на потрошувачите на централниот систем за греење како и сопствениците на станови и деловни простории лоцирани на подрачјето на општините каде ЕСМ снабдување има лиценца“, посочуваат од компанијата.
Правниот основ за преземање на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите, како што нагласуваат, произлегува од нужноста за обезбедување на континуитет во вршењето на дејноста и заштита на јавниот интерес.
Сепак, независно од постапката за преземање на податоците, потребно е секој потрошувач да склучи нов договор за парно со ЕСМ.
Досега се склучени 11.200 договори за снабдување со топлинска енергија.
Државната ЕСМ од оваа грејна сезона го презеде парното греење со Скопје, откако претходно му беше одземена лиценцата за работа на досегашниот снабдувач БЕГ.