На екс пакистанскиот премиер Кан му е забрането да извршува јавна функција пет години
Пакистан го повика американскиот амбасадор по коментарите на Бајден
Партијата на Кан Техрик-е Инсаф ги повика приврзаниците да излезат на улиците за мирно да ја осудат одлуката на Комисијата. „Не ја прифаќаме оваа одлука. Народот на Пакистан нема да го прифати ова“, им рече на новинарите портпаролот на Кан, Фавад Чаудри, наведувајќи: „Ги повикувам луѓето да излезат и да ги исфрлат владетелите“. Правните експерти велат дека Кан, кој беше премиер од 2018 година до смената со гласањето за недоверба во парламентот во април годинава, ќе го загуби своето место во Националното собрание.