Маричиќ немал информација дека ќе има намалување на администрацијата
Пописот во дијаспората ќе ги диктира државните вработувања по етнички клуч
Што и да се прави, рече Маричиќ, ќе се прави во разговор со јавната администрација и во договор со сите засегнати страни. Во институцијата која ја раководи, како што посочи, веќе се разгледуваат мерките што ги донесе Владата и најави дека до крајот на оваа или почетокот на следната недела ќе видат како да се спроведат. Во однос на прашањето за реформите во јавната администрација, Маричиќ рече дека до почетокот на идната година, кога треба да се направи патоказот за реформи во јавната администрација, ќе бидат опфатени сите прашања коишто се битни за подобрување за ефикасноста и транспарентноста на јавната администрација и за привлекување и задржување на квалитетните кадри.