Се урна пешачки мост во Србија, двајца загинати и десетмина повредени
Несреќата се случила додека посетителите од српскиот ентитет на Босна и Херцеговина, Република Српска, го поминувале пешачкиот мост од градот Овчар Бања кај Чачак за да стигнат до православниот манастир на спротивниот брег на реката Морава.
Жените загинале откако се заплеткале во јажињата на урнатиот мост.
Извештаите велат дека уривањето најверојатно било предизвикано од преоптовареноста на мостот.
Локалните медиуми јавија дека повредените се пренесени во болница во блискиот град Чачак.