ОН-Авганистан се движи „кон авторитаризам“ под талибанска власт
Авганистанските девојчиња протестираа поради затворање на средните училишта
Неговите коментари доаѓаат во истиот ден кога мисијата на ОН ја обвини владата водена од Талибанците дека ги заплашува и малтретира жените вработени во мисијата. Во соопштението на ОН е наведено дека е зебележан модел на вознемирување на авганистанскиот женски персонал на ОН од страна на талибанските властите. Во извештајот се цитираат изјави на три Авганистанки кои работат за ОН, а беа издвоени и привремено задржани на испрашување од вооружени безбедносни талибански сили.
Портпаролот на владата Билал Карими го отфрли обвинението, велејќи дека од жените било побарано објаснување, а кога било утврдено дека се вработени во ОН, тие биле ослободени.