Бугарското Собрание расправа за недоверба на Владата, протести пред домот на Петков
Во меѓувреме Ангел Џамбаски и Александар Сиди, двајцата копретседатели на бугарската партија ВМРО, заедно со неколку партиски симпатизери, го блокираа излезот од зградата во која живее Петков.
Радев: Бугарската Влада да се изјасни за „францускиот предлог“, а не Собранието
Во објава на Фејсбук, Џамбаски рече дека тој и неговите колеги сакаат да разговараат со премиерот и да го слушнат неговиот став за Француски предлог за спорот со Северна Македонија. Џамбазки додаде дека ВМРО не прифаќа „никакво повлекување од каузата Македонија“ и „бугарскиот интерес“, без да прецизира што значи тоа.
Во 12 часот партијата организира протест пред Народното собрание насловен „Не ја изневерувајте Македонија“. Протести се најавени и на движењето „Да, Бугарија”, партијата „Препород”, здружението „Толерантност” и национално движење „Хан Кубрат”.
Воедно и поддржувачите на бугарската Влада по 18 часот ќе одржат митинг за нејзина поддршка, а се очекува на него да зборуваат Петков, како и министри од владеачката коалиција и најголемата партија „Промените продолжуваат”.