Петков оптимист за опстанок на неговата Влада
Бугарското Собрание расправа за недоверба на Владата, протести пред домот на Петков
Гласањето за недоверба беше поднесено од ГЕРБ поради „неуспех во областа на јавните финансии и економската политика“ на Владата.
За да опстане владата на Кирил Петков мора да има 121 глас од 240. Расправата ќе се води денеска, а гласањето треба да се одржи 24 часа по нејзиното завршување во среда навечер или четврток пред пладне.