Аеродромот во Багдад привремено затворен поради песочна бура
Од средината на април во Ирак имало околу 10 бури со песок и прашина.
Утрото Багдад и околината беа прекриени со густа бела прашина. Видливоста била намалена со само неколку стотина метри. Поради тоа раководството на аеродромот во Багдад најави привремено запирање на летовите.
Во Наџаф, во централен Ирак, каде секоја година доаѓаат милиони аџии од цел свет, утрово исто така аеродромот бил затворен на неколку часови пред повторно да биде пуштен, откако се подобриле временските услови.
Аеродромите во Ирак во последните недели во неколку наврати привремено беа затворени. Во мај, во песочна бура која го зафати Ирак загина еден човек, а неколку илјади мораа да се лечат во болница поради респираторни проблеми.