Бугарски медиуми - Седум пратеници ја напуштаат бугарската партија ИТН
По излегувањето на „Има таков народ“ од владата, владејачката коалиција нема мнозинство во Парламентот. На владата на Кирил Петков ѝ е потребна поддршка од уште најмалку 12 пратеници.
Слави Трифонов: Ја напуштив владата поради Македонија
Веќе оваа недела, новите независни пратеници можеби ќе треба да бидат вклучени во клучното гласање.
Седумтемина ги организира министерот за спорт во оставка на ИТН, Радостин Василев, кој се спротивстави на заминувањето на партијата од владата.
Вечерва треба да стане јасна конечната бројка на тие пратеници.
Лидерот на ИТН Слави Трифонов за вечерва ги повика пратениците на консултации, јавија бугарските медиуми.
Уште двајца министри во бугарската Влада денеска ќе поднесоа оставки.
Шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов поднесоа барања за напуштање на кабинетот. Тоа е резултат на одлуката на бугарската партија „Има таков народ“ да стави крај на владејачката коалиција и да го напушти кабинетот.