Во последните три дена 69 нови случаи на ковид-19
Од вкупниот број на позитивни (69), регистрирани се девет реинфекции.
Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице од ковид-19.
Од 69 новозаболени од Скопје се 53, Битола и Тетово по 3, Дебар 2, и Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе и Берово по еден нов случај.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 312.607, бројот на оздравени пациенти е 302.892, на починати е 9.316, а на активни случаи изнесува 399.