Ковачевски: Не се врзуваме за датум, ни треба прифатливо решение со Бугарија
Тој во одговор на новинарски прашања по посетата на фабриката „Брако“ во Велес, Ковачевски истакна дека на земјава и треба решение кое ќе биде прифатено во двете држави и за кое ќе постои консензус.
„Што се однесува до јуни како некаков датум, точно е дека тогаш ќе има Самит на ЕУ, но ние воопшто не се врзувавме со датуми зашто ни треба решение кое ќе биде прифатено во двете држави и за кое ќе постои консензус, бидејќи тоа треба да биде основа за градење на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во иднина, како меѓу себе, така и во рамки на ЕУ“ изјави Ковачевски.
Ковачевски - Борел: достоинствено европско решение за деблокирање на преговорите
Ковачевски потврди дека со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел разговарал за проширувањето на ЕУ и за статсуот на преговорите со Бугарија.