Косовската Влада предлага минимална плата од 250 евра
Министерот за финансии, Хекуран Мурати, кој го образложи предлогот, изрази уверување дека Собранието ќе го изгласа владиниот предлог, со кој се одредува минималниот надоместок за работен час да изнесува 1,5 евра.
Невработеноста кај младите во Западен Балкан е двојно поголема од онаа во ЕУ
Мурати рече дека со нацрт законот се настојува да се елиминира правната несигурност околу минималната плата на национално ниво.
Со нацрт законот исто така е предвидено да не се плаќа данок на личните примања до 3.000 евра годишно, односно 250 евра месечно.