Од денеска маски само во здравствени установи, јавен превоз и домови за стари лица
Кризниот штаб ѝ препорача на владата да ги укине маските за средношколците
Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, што ги усвои владата, укината е обврската за носење маски на часовите по физичко во средните училишта, како и забраната за организирање екскурзии и настава на отворено. „Меѓу мерките што се укинуваат е и мерката задолжителна изолација на лицата кои имале блиски контакти со позитивен тест за ковид-19“, се наведува во соопштението. Задолжителното носење заштитни маски на отворен простор во беше укинато на 1 јуни 2021 година, седум месеци по нејзиното воведување.