Иранската револуционерна гарда ја презеде одговорноста за нападот во Ирбил
Ракетниот напад доаѓа во време кога разговорите за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година се ставени на пауза поради руската инвазија врз Украина.
Ракетите, чија цел била новата зграда на американскиот конзулат, предизвикале само материјална штета, а еден цивил е повреден, соопшти курдското Министерство за внатрешни работи.
„Секое повторување на нападите од страна на Израел ќе биде проследено со остар, решителен и деструктивен одговор“, се вели во соопштението на Револуционерната гарда, пренесено од државните медиуми.
Испукани проектили кон северниот ирачки град Ирбил
Американски официјален претставник го обвини Иран за нападот претходно во неделата. Исто така, портпаролот на американскиот Стејт департмент го нарече „безобразен напад“, но рече дека нема повредени Американци и дека нема штета на објектите на американската влада во Ербил.
Американските сили стационирани во комплексот на меѓународниот аеродром во Ирбил во минатото беа изложени на ракетни и на нападни со беспилотни летала за кои американските власти ги обвинуваат милициските групи под контрола на Иран.
Нападот се случи неколку дена по израелскиот напад во близина на Дамаск, Сирија, во кој загинаа два членњ на иранската Револуционерна гарда. Техеран остро го осуди нападот и вети дека ќе возврати.