Времето денеска- студено утро, преку ден сончево
Во Скопје времето ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност со пораст на температурата. Зголемување на облачноста, врнежи и повторно заладување се очекува на крајот од работната седмица, информираат од УХМР.