Времето денеска студено со врнежи од снег и дожд
Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а долж Повардарието ќе врне дожд. На некои места врнежите ќе бидат пообилни, особено во ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на крајот на денеот и во текот на ноќта ќе преминат во снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.