Германците бираат нов претседател
Претседателот во Германија има мали политички овластувања, но е институција која ужива голем углед во јавноста.
Германија побара прошка од Полска за жртвите од Втората светска војна
Поранешниот министер за надворешни работи, 66-годишниот социјалдемократ Штајнмаер е на чело на државата од 2017 година. Во Германија претседателот може да биде биран само во два мандати.
Претседателот го бира Сојузното собрание кое се свикува на секое пет години и кое го сочинуваат 736 пратеници од Бундестагот и претставници на 16 сојузни покраини, меѓу кои нема само политичари, туку и јавни личности од културата или спортот.
Меѓу делегатите од покраините ќе биде и поранешната канцеларка Ангела Меркел, која од заминувањето од функцијата ретко се појавува во јавност.
Штајнаер веќе обезбеди широка поддршка од трите владејачки партии – социјалдемократите, зелените и либералите, но и од опозициските христијански демократи. Три помали парламентарни партии предложија свои кандидати, но тие немаат никакви шанси.