Србија „урива“ рекорди со новозаразени од ковид-19
Според податоците од српското Министерство за здравство во вторникот за првпат од почетокот на епидемијата регистриран е петцифрен број новозаразени со коронавирус – 13.693, а вчера беа регистрирани 12.877 лица, а денешниот рекорд изнесува 13.753 новозаболени граѓани.
Бројот на новозаразени во Србија повторно петцифрен
Како последица на заразата во изминатите 24 часа починале 19 лица, со што Србија ја надмина бројката од 13.000 починати од Ковид-19 или вкупно досега се починати 13.003 лица.
Во српските болници од ковид -19 се лекуваат 2.340 пациенти, а 96 се на респиратор.
Локалните медиуми јавуваат дека редиците пред ковид амбулантите не се намалуваат и бројот на нови пациенти се повеќе расте.
Поради се потешката епидемиска состојба, откажана е прославата на Стара Нова година (Василица) на плоштадите во Белград, Ниш, Чачак и Лесковац, а за утре е закажана седница на Кризниот штаб.