ОН бара да се одмрзнат девизните резерви на Авганистан
„Треба да се дозволи меѓународното финансирање за да се исплатат платите на работниците во јавниот сектор и да им помогне на авганистанските институции да испорачуваат здравствена заштита, образование и други витални услуги“, изјави денеска Гутереш пред новинарите во Њујорк.
Меѓународната помош сочинуваше 40 отсто од БДП на Авганистан и 80 отсто од неговиот буџет пред талибанците да ја преземат контролата врз земјата лани во август, при што падна владата што имаше меѓународна поддршка.
Кога талибанците го зазедоа Кабул, меѓународната поддршка пресуши и околу 9,5 милијарди долари од резервите на авганистанската централна банка беа замрзнати надвор од земјата, главно во САД.
САД донираат уште 308 милиони долари помош за Авганистан
„Мора да се зачува и помогне функцијата на Централната банка на Авганистан и да се идентификува патека за условно ослободување на авганистанските девизни резерви“, рече Гутереш.
Тој вели дека треба да се стори повеќе за брзо да се внесе ликвидност во економијата и да се избегне колапс што ќе доведе до сиромаштија и глад на милиони луѓе.
Апелот доаѓа во пресрет на виртуелната средба меѓу шефот за помош на ОН Мартин Грифитс и државниот секретар на САД Антони Блинкен, закажан за утре.
Според ОН, во Авганистан 22,8 милиони луѓе се соочуваат со акутен недостиг на храна, а 8,7 милиони се блиску до глад.