Нови 1.865 заразени со ковид, од нив 207 се реинфекции
Најмногу новозаразени има во Скопје – 871, потоа следуваат Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27, Неготино – 24, Радовиш – 23, Струга и Ресен – по 22, Кочани – 21, Крушево – 20, Валандово – 15, Делчево – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 10, Богданци – 9, Пробиштип – 8, Берово – 6, Македонски Брод – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Кратово и Демир Капија – по 3, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар и Дојран – по 1.
Омикронот се шири, а некои лаборатории вадат мал процент позитивни тестови
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545.