Во Хрватска регистрирани над 9000 новозаразени со ковид, рекорд од почетокот на пандемијата
Во Хрватска се регистрирани 9.058 нови случаи на инфекција со коронавирус, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, а починале 33 лица, соопшти денеска Хрватската цивилна заштита.
Во последните 24 часа биле тестирани 19.975 лица, а речиси половина од тестираните биле позитивни на коронавирусот. Во болниците има 1.824 пациенти, а на респиратори 244 лица.
Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 12.764, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска е 39.853. Со една доза до вчера се вакцинирале 55,82 отсто од вкупното население во Хрватска, а вакцинацијата ја завршиле 63,44 отсто.