Британската министерка за надворешни работи ќе го посети Киев
Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас најави дека ќе го посети Киев кон крајот на овој месец и дека ќе ја нагласи „непоколебливата“ посветеност на Лондон кон Украина во услови на продолжување на руската агресија кон нејзиниот сосед. Зборувајќи пред парламентот на 6 јануари, Трас ја нарече Украина клучен приоритет, а Русија ја нарече агресор.
„Секој понатамошен воен упад во Украина би донел огромни последици, вклучително и координирани санкции кои ќе предизвикаат сериозни штети врз интересите и економијата на Русија“, рече Трас, повторувајќи ги претходните предупредувања од западните официјални лица.
САД и Европа во обединет фронт пред разговорите со Русија
По разговорот со Трас претходно оваа недела канцеларијата на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба соопшти дека Киев и неговите сојузници постигнуваат напредок во сеопфатниот пакет насочен кон Русија. Велика Британија, Европската Унија и Соединетите Држави веќе воведоа повеќе рунди санкции против Москва по нејзината насилна анексија на Крим од Украина и почетокот на сепаратистичкиот конфликт во 2014 година.
Борел - Русија ќе се соочи со големи последици доколку ја нападне Украина
Американскиот државен секретар Антони Блинкен и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок по состанокот во Вашингтон на 5 јануари изјавија дека руското воено засилување е „непосреден и итен предизвик“. Разговорите меѓу американските и руските претставници се закажани за 9 и 10 јануари во Женева, а Советот НАТО-Русија треба да се состане на 12 јануари.
Бајден му вети на Зеленски дека ќе дејствува решително ако Русија ја нападне Украина
Руските власти негираат дека учествувале во украинскиот конфликт. Москва ги обвини Соединетите Држави и другите западни влади за зголемено заканувачко однесување во Црното Море и другите региони околу Украина и наведе дека движењата на нејзините војници се внатрешно прашање.