Германија, Грција и Австрија со нови ковид-протоколи за државјаните на Македонија
Европа воведува нови рестриктивни мерки поради ширењето на Омикрон
За влез во Грција, пак, македонските државјани ќе мора да поседуваат потврда за негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или негативен резултат од брз тест не постар од 24 часа, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест. Правилата влажат за сите над пет годишна возраст.
За влез во Австрија, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација, или доказ за примена бустер доза на вакцина или доказ за прележана болест (не постари од шест месеци), заедно со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа). Во овие случаи не се определува мерка карантин.
Во земјава има 5.377 активни случаи на заразени со коронавирус.