Министерството за правда ја поништи листата за помилувања
„Ова се прави со цел да се даде време најнапред да се допрецизираат критериумите и законски да се зајакнат филтрите во однос на тоа како се составуваат листите со предлози на лица кој треба да бидат помилувани.
Во Министерството за правда постои работна група која работи на составување на нов предлог-закон за помилување, со кој ќе се зацврснат критериумите и ќе се дефинираат нови построги услови за тој кој може да биде помилуван. Со тоа сметаме дека ќе се минимизираат шансите на овие листи во иднина да се најдат лица кои во јавноста предизвикуваат сомнеж за нормалното функционирање на правниот систем“, напиша Маричиќ на Фејсбук.
Маричиќ претходно изјави дека ниту едно спорно име нема да се најде на листите за помилување. Тој информираше и дека листите кои министерството за правда ги испраќа до претседателот на државата Стево Пендаровски се по предлог на директорите на затворите.
Повлечена листата за помилување
Листата претходно беше повлечена по реакциите во јавноста за некои од имињата предложени за помилување. Меѓу имињата на листата, како што објавија дел од медиумите, беа бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4 годишниот Алмир во Куманово.