Бугарскиот премиер Петков- комуникација со Скопје ќе воспоставиме во најкус можен рок
„И тука ќе биде новината. Надградувањето треба да се случи преку заеднички групи што ќе работат секој месец најмалку еднаш месечно и да зборуваме за заедничка инфраструктура, заедничка култура, заеднички економски чекори… Така што, кога зборуваме за дебата и за решавање на заедничките проблеми – да се фокусираме на добрососедство, на она што и двете страни можат да го добијат како добри соседи едни кон други“, рече Петков.
Бугарија доби влада-Кирил Петков изгласан за премиер
Најави и дека комуникација со Скопје ќе воспостават во најкус рок.
„Тоа ќе биде мој приоритет зашто не сакаме да губиме време на никаков начин. Многу време изгубивме досега во изминатите години, така што на министерот за надворешни работи ќе му биде главен приоритет организацијата на овие работни групи за новиот тон што ќе биде многу поконструктивен и ќе почива на заедничките нешта што можеме да ги придобиеме, а не само прашањата што се проблематични, но за тие прашања ние ќе ја држиме бугарската позиција, апсолутно, на ист начин. Едноставно, треба да го прошириме опфатот на комуникацијата и опфатот на тоа што значи да сме добри соседи, треба да го редефинираме“ , рече Петков.
Потпишан е коалицискиот договор меѓу четирите бугарски парламентарни партии
Утре во Брисел се одрежува Советот за општи работи на Европската унија, а во политичките кругови во Скопје имаше очекувања и најави дека е можно официјална Софија да ги деблокира македонските европски интеграции, блокирани лани поради несогласувања главно околу историски прашања.
Инаку од денеска со министерството за надворешни работи на Бугарија ќе раководи Теодора Генчовска која доаѓа од партијата Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов. Нејзината кариера, како што пишува Радио Слободна Европа на бугарски јазик, започнала во Генералштабот на бугарската армија од каде што и стигнала до раководна позиција во Одделот за НАТО и ЕУ во Министерството за одбрана. Генчовска беше кандидатка за министерка за одбрана во двата предлог кабинети на Има таков народ годинава кои никогаш не стигнаа до гласање пред пратениците.
Петков- ако се даде „зелено светло“ за Скопје веднаш ќе се зајакнат националистите во двата табора
Новата бугарска влада е составена од четири партии- Продолжуваме со промената, Бугарската социјалистичка партија, Има таков народ и Демократска Бугарија. Таа се формираше осум месеци по завршувањето на мандатот на третата влада предводена од Бојко Борисов. Во Бугарија годинава три пати се одржаа парламентарни избори, а по првите два циклуса не се формираше политичка влада, па со земјата раководеше службена формирана од претседателот Румен Радев.