Јужноафриканскиот претседател позитивен на ковид, апелираше луѓето да се вакцинираат
СЗО е загрижена дека богатите земји би можеле да акумулираат вакцини поради сојот омикрон
Светската здравствена организација соопшти дека првичните податоци сугерираат дека коронавирусот Омикрон е попренослив од досега доминантниот сој Делта и дека ја намалува ефикасноста на вакцината, но предизвикува помалку сериозни симптоми. Сепак, здравствените власти велат дека третата доза вакцина обезбедува повисок степен на заштита.
„Некаква охрабрувачката вест е дека првичните податоци покажуваат дека кога добивате трета доза вакцина се зголемува нивото на заштита доволно високо што потоа организмот добро се справува против сојот Омикрон“, рече д-р Ентони Фаучи, експерт за заразни болести во американската влада.