Трет ден 14 села во Македонски Брод се без струја
„Од ЕВН ни велат дека екипите се на теренот и се надеваме дека наскоро ќе се отстранат проблемите. Станува збор за околу 400 жители и проблем е што станува збор за старечко население. Проверуваме каква е ситуацијата, досега немаат проблеми со храна, имаат резерви и се надеваме дека наскоро ќе добијат електрична енергија. Инаку, во Македонски Брод се 50 населени места и немаме завеани села“, изјави Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод.
Без струја над 20 села во кичевско и струшко, виновен бил снегот
Во саботата на 11 декември поради дефект на два далекуводи без струја останаа Охрид, Ресен, Дебар и околните места. Во текот на денот МЕПСО соопшти дека дефектите се отстранети. Причини за дефектите биле невремето и обилните снежи врнежи, тврди МЕПСО. Но повеќе села остана без струја и следниот ден.