Мигранти уценувани и присилно држени во импровизиран камп на границата со Србија
„Имено, во периодот од август до ноември оваа година две непознати лица од Пакистан со цел извршување на кривичното дело Криумчарење на мигранти создале организирана група на која припадници станале и осомничените. За непречено дејствување на групата тие создале импровизирани кампови во близина на границата со Србија каде ги прифаќале и сместувале мигрантите кои илегално влегувале од територијата на Грција, а од таму илегално ги пренесувале во Србија и земјите на ЕУ. Во камповите мигрантите присилно биле задржувани, им биле одземани мобилните телефони и личните документи со што им оневозможувале каков било контакт надвор од кампот. Искористувајќи ја нивната немоќ, осомничените физички ги малтретирале жртвите, ги фотографирале и фотографиите ги испраќале на нивните семејства од кои барале парични средства за да ги пуштат жртвите да ја продолжат рутата, со употреба на сила и закана изнудувале парични средства и од жртвите кон кои се однесувале на крајно суров и понижувачки начин, а со некои имале и полови односи“, се наведува во соопштението на обвинитлеството.
Македонската полиција откри 42 мигранти во камион во близина на грчката граница
Како резултат на меѓународна соработка со органите на прогон од Србија каде двајца оштетени мигранти ги пријавиле настаните, според обвинитлеството, импровизираниот камп е откриен и во текот на вчерашниот ден е спроведена координираната акција.
Во кампот се пронајдени 35 мигранти од кои девет се деца на возраст од четиринаесет и петнаесет години. За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку осум години.