Нови 389 случаи на ковид, починати 18 пациенти, меѓу кои и 35 годишно лице
Во однос на 35 годишното починато лице од Скопје, истото е со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство, 49 годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, пациентката била на антикоагулантна терапија.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени дополнителни починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.449.036 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.220,бројот на оздравени пациенти е 196.249, на починати е 7.436, а бројот на активни случаи изнесува 8.535.