Радев ќе го предаде третиот мандат за формирање бугарска влада
![Радев ќе го предаде третиот мандат за формирање бугарска влада](https://gdb.rferl.org/aee72a5d-a198-4d9a-8808-ec376cdb45a4_cx55_cy23_cw44_w800_h450.jpeg)
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска, како што најави неговиот кабинет, ќе го предаде третиот мандат за формирање влада на коалицијата „БСП за Бугарија“. Тоа е третата по големина парламентарна група во 46. Национално собрание. Од БСП е потврдено дека добиле покана од претседателот Радев. Претседателката на пратеничката група на БСП Корнелија Нинова
рече дека нема да биде кандидат за премиер во предложената влада.
Испитување на јавното мислење- партијата на Слави Трифонов трета, ГЕРБ прва
Според неа, ниту еден од политичките лидери на партијата не треба да биде предложен за премиер. „Момент е дека треба да се повлечеме и да избереме натпартиска почитувана личност која може да ги спроведе политиките кои ќе ги поставиме и заедно ќе ја извадиме Бугарија од кризата во следните месеци“, рече Нинова. Лидерот на БСП Нинова вети дека ќе стори сé што е во нејзина моќ за да формира влада, бидејќи на Бугарија и се потребни стабилност и безбедност. Првопласираните две партии на изборите на 11 јули „Има таков народ“ и ГЕРБ претходно го вратија мандатот и се изјаснија дека ќе настапуваат како опозиција.