Во Албанија пристигна првата група евакуирани Авганистанци
Албанската влада објави дека синоќа пристигнала првата група евакуирани Авганистанци во таа земја. Владиниот портпарол го потврди доаѓањето на Авганистанците во Тирана, без да даде повеќе детали. Тој рече дека се станува збор за група од 171 евакуирано лице. Тие по слетувањето на авионот беа префрлени во хотели. Албанија е меѓу првите земји што понуди привремено прифаќање на евакуираните од Авганистан, откако талибанските екстремисти ја презедоа власта во земјата.
Блинкен им се заблагодари за земјите кои помагаат во евакуацијата од Авганистан
Премиерот Еди Рама рече дека Албанија може да прифати до 4.000 Авганистанци. Владата соопшти дека Авганистанците можат да останат во Албанија најмалку една година, за време на која ќе аплицираат за специјални американски визи.